Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Состанок на Извршниот комитет во Оксфорд , Велика Британија

Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европаминатата недела го одржа својот редовен состанок во просториите на Универзитетот на Оксфорд, во Оксфорд (Велика Британија.



Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа на својот редовен состанок кој се одржа минатата недела во просториите на Универзитетот на Оксфорд, во Оксфорд (Велика Британија) расправаше за уписот на студенти, рангирањето на универзитетите во Македонија, годишната евалвација на кадарот, извештајот за реализирањето на буџетот, финансиската гаранција која треба да се достави до Министерството за образование и наука на Република Македонија, но и за други прашања во интерес на Универзитетот.

Досегашното ангажирање на менаџментот беше позитивно оценето и сите досегашни потези се во рамките на обврските кои произлегуваат од Стратегијата за развој на УЈИЕ.

Извршниот комитет го сочинуваат проф. д-р Денис Фарингтон, претседатели членовите проф. д-р Павел Згага и проф. д-р Аслан Билали.

Google+