Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ придонесува за Википедија

Универзитетот на Југоисточна Европа, придонесе во збогатувањето и зголемувањето на бројот на статии на албански и на македонски јазик во слободната енциклопедија Википедија.



За оваа цел, во вторник (6септември 2011 година) во УЈИЕ во Тетово и Скопје се организираше „Денот за придонес за Википедија“, на кој десетици студенти и професори придонесоа со конкретни статии во збогатувањето на фондот на статии на албански ина македонски јазик.

Деканот на Факултетот за современи науки и технологии доц. д-р Беким Фетаји рече дека „текстовите ќе им се приклучат на скромниот фонд од 33 илјади актуелни текстови на албански јазик во Википедија“. Според него, целта е да се достигне бројката од 100 илјади, што подразбира внесување на професионални содржини од професорите ,студентите и од сите други заинтересирани од заедницата.

За сите кои придонесуваа во надополнувањето на содржините од УЈИЕ им беадоделени сертификати, од кои 38 беа доделени во Тетово и 18 во Скопје.

Google+