Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студиска посета на УЈИЕ – поблиску до заедницата и до индустријата

Студиската понуда на Универзитетот на Југоисточна Европа за новата академска 2015/2016 година, вклучува голем број студиски програми кои се однесуваат на целите на Универзитетот да биде универзитет од „третата генерација“.



Со ова Универзитетот се приближувапоблиску до потребите на општеството и на индустријата преку подобрувањена истражувачкиот профил на Универзитетот во согласност со современите трендови и за изнаоѓање иновативни решенија за зајакнување на капацитетот на малите и средни претпријатија.

„Идните генерации кои доаѓаат да студираат на УЈИЕ ќе го добијат соодветното знаење потребно за пазарот на трудот , затоа што во нашите студиски програми е интегрирано најдоброто од нашите академски и културни различности“, рече ректорот, проф. д-р Замир Дика.

Според објавениот Конкурс, УЈИЕ во Тетово и во Скопје нуди 17 додипломски студиски програми, 23 магистерски програми и 12 програми на докторски студии.

Google+