Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од УЈИЕ наградени за Предизвикот од НАСА за вселенски апликации 2015

Студентите од УЈИЕ наградени за Предизвикот од НАСА за вселенски апликации 2015



Четворица студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), оддел Компјутерски науки – Арменд Имери,Локман Муслиу, Артан Емини од Гостивар и Или Деари од Тетово—добија награда за Предизвикот од НАСА за вселенски апликации 2015. Резултатите кои се постигнаа на ова натпреварување се однесуваат на нивната работа во програмирање и дизајнирање „3Двизуелни астероиди“, кои претставуваат закана за земјата и се прикажани на веб-страница програмирана во Open source преку користење SQL, THREEJS, JSON, AJAX, JavaScript и HTML.

„Во Македонија, натпреварите се одржаа во четири града: Тетово, Скопје, Охрид и Битола. Беа презентирани осум проекти, а учествуваа околу 70 студенти. „Ние бевме мала група, само четворица, но автоматски се квалификувавме за глобалниот натпревар Предизвик за НАСА за вселенски апликации“, рече Арменд Имери.

„Од сите номинирани во светот има различни пристапи за ова прашање. Нашата реализација е една од 25 достигнувања кои се изведоа ширум светот“, рече Локман Муслиу.

Студентите Имери, Муслиу, Емини и Деари рекоа дека за сите млади кои сакаат да работат во оваа област, има потенцијал таа да се развие; тие можат да работат и да постигнат успех иако не работат во Шведска или во Германија. Успехот е можен и од дома.

Google+