Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Вјоса Селими, најуспешна практикантка на УЈИЕ во ЕВН

ЕВН Македонија го организираше денот на практикантите. На овој настан беа присутни голем број потенцијални работодавачи од Македонија, раководители на центрите за кариера, наставници и студенти на различни универзитети.



Целта на оваа организација беше поблиско запознавање со практикантите како и изборот на најдобрите.

Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа има потпишано договор за соработка со ЕВН. Освен студентите кои вршат практична настава во оваа компанија има и одреден број на дипломирани студенти кои веќе работат во компанијата.

Во денот на практикантите како најдобра приказна е избрана приказната на студентката на Југоисточна Европа Вјоса Селими, која по завршувањето на практичната настава се вработи во оваа ЕВН.

„Практиката преку ротација во сите сектори на ЕВН беше предизвик за мене“, рече Вјоса.

Постојаната соработка со компаниите ја докажува заложбата на студентите за извршување на практичната настава и за нивното вработување во иднина.

„Најистакнатите студенти во програмата за најдобри практиканти веќе се дел од нашата екипа”, рече Вернер Хенкс, претседател на компанијата ЕВН Македонија. Тој се надева дека најдобрите кандидати за практиканти ќе може да ги види и во редовите на своите колеги во иднина.

Google+