Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Арта Демири, претседател на парламентот и Арбнора Жута, нов студентски правобранител

Арта Демири, претседател на парламентот и Арбнора Жута, нов студентски правобранител



Студентката Арбнора Жута, од Струга, е новиот студентски правобранител на Универзитетот на Југоисточна Европа. Таа го доби поголемиот број на гласови на изборите од студентите на УЈИЕ, на студентските избори за Студентскиот парламент и Студентската асоцијација, што беа одржани од 25 октомври до 1 ноември, во седиштето на Универзитетот во Тетово, и во Центарот во Скопје.

Исто така, на директно гласање се избрани и членовите на Студентскиот парламент, од секој факултет, кои на првата конститутивна седница, со тајни гласови ја избраа Арта Демирали, претседател на оваа Асоцијација, а за потпретседател е избран Фуад Јонузи, додека секретар за финансиски и административни прашања – Ветон Илјази.

“Наша главна цел ќе биде да бидеме гласот на студентите, да бидеме покрај нив секогаш кога ќе имаат потреба за нас. Ние ќе се обидеме во текот на овој мандат да го реактивираме студентскиот живот, кој поради некои причини е осиромашен. Ќе се потрудиме да организираме разни активности во кои секој студент ќе се најде себе си. Исто така ќе создадеме атмосфера за соработка со сите студенти овозможувајќи вклучување (пристап) во сите клубови на студентскиот парламент за да го дадат својот придонес за што по квалитетен и што помобилен универзитет, вели претседателот на Студентскиот парламент и Студентската асоцијација Арта Демирали.

„ Ние се стремиме е пред сѐ за заштитата на студентските интереси како и на нивните основни права. Преку нашите службени надлежности, ќе реагираме и коректно ќе го заштитиме тоа право. Но, ако поплаките се неосновани, тогаш, се разбира, таквите поплаки остануваат безвредни. Мојата визија е да имаме студенти кои се задоволни од функционирањето на нашиот универзитет, кои се ангажираат за реализација на студентските права и за автономија на универзитетот.

Според податоците на Комисијата за мониторинг на изборите, за членови на Парламентот се предложени 44 студенти, а за студентскиот правобранител – 8 кандидати. Студентскиот парламент и Студентската асоцијација на УЈИЕ имаат вкупно 33 членови.

Од вкупниот број на студенти со право на глас на додипломски и на магистерски студии за функцијата студентски адвокат гласале вкупно 846 студенти, а важечки гласови биле 815 додека 31 гласачки ливчиња се прогласени за неважечки. За членови на Студентскиот парламент и Студентската асоцијација гласале вкупно 740, од каде 660 биле важечки и 80 неважечки гласачки ливчиња.

Главната мисија на Студентскиот парламент и студентската асоцијација е да го подобри студентскиот живот обезбедувајќи можности за застапеност, развој и квалитетни услуги за сите студенти.

Google+