Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Време е за статистика: околу 50% од дипломираните во УЈИЕ во 2013 се вработиле

Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да ја држи позицијата на лидер во однос на вработувањето на дипломираните од овој Универзитет. Според резултатите од последната анкета реализирана од Центарот за кариера на УЈИЕ за календарската 2013 година севкупната стапка на вработеност на дипломираните студенти на УЈИЕ за 2013 година е 48,97%, а нивната стапка на невработеност е 51,02%.



Според вработените дипломирани студенти, 95,83% од нив се вработени со полно работно време, 1,56% се вработени со скратено работно време, 1,04% од нив се самовработени (сопствен бизнис), а 1,56% се на стажирање.

Од вкупниот број невработени студенти, 21,50% укажаа на тоа дека тие се невработени по избор, па така вистинските стапка на невработеност на дипломираните студенти од УЈИЕ се проценува дека е околу 29,52%.

За разлика од претходната година, податоците за оваа година покажуваат дека колку е поголем успехот (9-10), толку поголема е стапката на вработеност (57%). Дипломирани студенти со просек меѓу 6 и 7 имаат стапка на вработеност од 34,35%.

За тековната работа 10,93% од вработените разбрале од информациите кои произлегле од Центарот за кариера.

Гледано според сектори, податоците на овој извештај говорат дека во општиот број на вработените доминира приватниот сектор со 49,47%, а јавниот сектор учествува со 46,35%, додека 4,16 се вработени во други сектори.

Што се однесува до периодот на вработување, 26,04% се вработени пред да дипломираат, 10,41 во период 1-3 месеци по дипломирањето, 6,25 во рок од 4-6 месеци по дипломирањето, а во период од 1 година по дипломирањето се вработени 20,83%, додека 26,60% се вработени во тек на подолг период.

Google+