Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Работиме да бидеме прв Еко-кампус во регионот на Југоисточна Европа

Институционалната одговорност и долгорочното планирање се две клучни појдовни точки на стратегијата на Универзитетот на Југоисточна Европа за заштита на човековата средина.



Нашиов Универзитет има направено конкретни чекори за да влијае позитивно врз средината, но и да стане модел за другите како треба да се делува во правец на заштита на животната средина.

Првиот чекор е направен со изградбата на интелигентната зграда која е конципирана и направена како модел и за другите објекти на Универзитетот, каде што емисијата на CO2 e редуцирана на нула.

Зградата има свој систем за снабдување со електрична енергија, која се обезбедува од сончевите панели, а нејзиното затоплување се прави преку користење на геотермални пумпи.

Вториот чекор е направен со изградба на фотоволтаичната централа, која обезбедува значаен дел на електрична енергија за Универзитетот. Главната цел е да се искористи електричната енергија од обновливи извори и така да се влијае врз општата заштита на животната средина затоа што се реализира преку целосно еколошки систем, како што се сончевите панели.

Соларната централа на годишно ниво ќе произведува 125 мегавати на час за потребите на Универзитетот. Ова одговара на акциониот план со кој се предвидува кампусот до 2020 година да има нулта емисија на јаглерод диоксид.

Во моментов, од електричната енергија што се произведува од сончевите панели се снабдува целиот објект на Ректоратот и објектот на Факултетот за бизнис и економија.

Третиот чекор на менаџментот беше замена на суровината од нафта на биомаса што видно го редуцира емитирањето на штетните гасови.

Според ректорот, проф. д-р Замир Дика, неслучајно УЈИЕ во својата филозофија на дејствување ја проектираше целта да биде првиот Еко-Кампус во регионот на Југоисточна Европа. Така, деновиве, рече тој, официјално ќе ја пуштиме во употреба најголемата постројка за биомаса – со што се заменува нафтата за греење со дрвени пелети.

Со ваков превземен чекор нашиов Универзитет ја заврши едната од главните фази на инвестиција во кампусот за заштита на животната средина.

Google+