Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Арлинда Имери успешна приказна на Универзитетот на Југоисточна Европа

Арлинда Имери поранешен студент на Универзитетот на Југоисточна Европа на Факултетот за современи науки, на 28 април 2014 година магистрираше на програмата „Инженерство на компјутерски системи“ на Политехничкиот факултет во Милано, Италија. За нејзината магистерска теза таа создаде апликација за андроид системите „Прототип на комуникациска апликација за социјална поддршка на постарите лица фокусирана на аспектите на интерфејсот на корисникот“.



Апликацијата е наменета за луѓето да комуницираат : во овој труд фокусот е на постарите луѓе и им овозможува лесно да го користат софтверот за комуникација и ги мотивира да комуницираат.Главното прашање кое се дискутира во трудот е: Кои се клучните упатства за дизајнирање на интерфејс за повозрасни корисници? Во трудот се обработува прототипот на апликацијата за комуникација базирана на допир за андроид системите кој ќе се користи на мобилни телефони или на таблети во главно фокусирани на аспектите за интерфејсот на корисникот.

Арлинда Имери ги започна студиите во 2011-2012 и доби целосна стипендија од Политехничкиот Универзитет во Милано, најдобриот Универзитет за технологија во Италија.

Универзитетот секогаш се фокусираше на квалитетот и иновацијата во предавањето и во истражувањето развивајќи плоден однос со деловниот и продуктивниот свет преку експериментално истражување и технолошки трансфер.

Арлинда секогаш беше импресионирана од кадарот на Факултетот за СНТ на УЈИЕ за нивната трпеливост и грижа за студентите, како и мотивација, ентузијазам и неизмерно знаење.

Откако ќе магистрира таа се надева дека ќе започне кариера во индустријата каде што би сакала да ја развие оваа апликација. Арлинда смета дека образованието во првиот циклус на УЈИЕ и помогнало да се развие во способен член во научното и истражувачко општество. Арлинда очекува да продолжи со учењето фокусирајќи се на најновите технолошки пронајдоци кои ќе им помогнат на луѓето да живеат полесно и подобро.

Google+