Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Регионална конференција за квалитет - можност за споделување искуства и за размена на идеи

Втората регионална конференција на тема оценување, квалификација и евалуација во високото образование се одржа на 20 јуни на Универзитетот на Југоисточна Европа во Кампусот во Тетово. На конференцијата присуствуваа 150 истражувачи од различни универзитети од Македонија, Албанија и од Косово.



„Една од целите на конференцијата е да се промовира посериозна посветеност кон подобрувањето на квалитетот во испораката на знаење. Со ова ние веруваме дека ќе придонесеме за понапреден систем за менаџмент на квалитетот . Во високото образование ова значи квалитетот според кој ги оценуваме студентите , кадарот, институциите и системите.“, рече ректорот на Универзитотетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика.

Советникот за обезбедување квалитет, Хедер Хеншоу додаде, „Целта на конференцијата е да се влијае врз квалитетот на евалуација, обука и развој на високото образование во регионов.“

Еден од најпозитивните аспекти на конференцијата беше и активното учество на студентите кои презентираа академски постери и ги презентираа нивните ставови во однос на сите сесии.

Конференцијата беше добра можност за споделување искуства и за размена на идеи. Ќе се објави и зборник од конференцијата со избор на трудови.

Google+