Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Церемонија на дипломирани – Десетта генерација

Во саботата (14 јуни 2014 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) – Тетово, во свечена атмосфера околу 2000 учесници, родители, студенти и многубројни гости имаа можност да бидат дел од уникатната церемонија за одбележување на десеттата генерација на дипломирани.



Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика додаде дека целта на институцијата е обезбедување и понатамошен развој на квалитетот, и во Македонија и во регионов, и да ја поттикне мобилноста на студентите во Европскиот високообразовен простор.

Нашиот академски кадар разви уникатна високообразовна институција тука во Р. Македонија. Тие ви обезбедија високо образование споредливо со она во европските држави и се надеваме дека вие ќе го искористите ова не само во ваша корист туку и во полза на другите“, рече претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф.д-р Денис Фарингтон.

„Искуството кое го добивме тука е комбинација на задоволителни и на тешки моменти кои ќе бидат силна поддршка за реализацијата на нашите соништа за иднината.“, рече Влора Мемеди.

„Преку Универзитетот на ЈИЕ ние не станавме само дипломирани студенти, ние станавме и глобални студенти, станавме глобални државјани. “, рече Сибиновска.

Google+