Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Научни конференции – вредност на квалитетот за истражување на УЈИЕ

Вкупно има три конференции на различни теми на кои се очекува да присуствуваат истакнати научници од Универзитетов, од земјава и од регионов.



„Креативни и критички пристапи во литературата“ беше темата на конференцијата која се одржа на 25 април 2014 година. На конференцијата присуствуваа научници од креативната литература кои дискутираа за состојбата на литературата во Западен Балкан, со посебен осврт на креативната албанска литература .

Аналитички се дискутираа аспектите од уметничката практика, критичкото размилсување и пристапите во креативната литература, особено во однос на современото пишување.

Меѓународната научна конференција:„Современи предизвици на мултикултурализмот и јазичните политики “, на 16-17 мај, 2014 година во Кампусот во Тетово. Оваа конференција е организирана од Научниот институт на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ и се очекува да има присуство од аналитичари и истражувачи од оваа област.

На 20тијуни2014 година Универзитетот на Југоисточна Европа ќе биде домаќин на втората конференција на тема „Квалитет на оценување, квалификации и евалвација во високото образование“. Се очекува на Конференцијата да се сретнат академски кадри од сите полиња,студенти, раководни лица од оваа област и претставници од соодветни владини институцииза да ги истражат аспектите на квалитетот на оценување, квалификациите и евалвацијата на високото образование. Првата конференција за квалитет беше во јуни 2012 година на тема „Квалитет на учење и настава: политики и практики и привлече околу 180 членови на академскиот кадар и студенти од високообразовните институции во Република Македонија. Се издаде и зборникна трудовиод Конференцијата.

Целта на Конференцијата е да се обезбеди форум за презентирање и споделување на добрата пракса и на истражувањето. Ова ќе биде можност за изразување ставови, дискусија и размена на идеи.

Меѓународните рангирања, рамките за компетентност, резултатите од анкетите со студентите и агенциите за евалуација (обезбедување квалитет) сведочат за важноста на оценувањето и на евалвацијата на високообразовните институции.

Google+