Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ден на Штул – во чест на основачот на УЈИЕ Макс ван дер Штул

На оваа комеморација беа присутни професори, студенти , претставници од менаџментот како и странски дипломати акредитирани во Македонија , меѓу кои и амбасадорот на Холандија во Македонија, НЕ Ралф Брет.



„Познавав идеалист и верник во возвишените човечки вредности – ова би го опишало моето искуство со овој прекрасен човек и истакнат дипломат, мојот и нашиот пријател , Макс ван дер Штул. Затоа, нашите дипломирани студенти и луѓето кои се поврзани со универзитетот се поразлични од другите поради фактот дека ти се нашите мисионери на промените и на напредокот. Ние треба да продолжиме да ја промовираме и чуваме нашата мисија за генерациите кои доаѓаат“ забележа, ректорот проф. д-р Замир Дика.

„Овој Универзитет немаше да постои без определбата на Макс. И сосема е во ред ние да му оддадеме почит со еден ваков ден. Јас секогаш со љубов ќе се сеќавам на Макс. На аутсајдер, тој може да му изгледа строг човек, кој командува и некогаш се повлекува“, рече претседателот на Одборот на Универзитетот проф. д-р Денис Фарингтон.

„Нема подобар начин да се комеморира Макс ван дер Штул отколку да се направи рефлексија и да се споделатнеговите предавања. Тоа се предавања за слобода, човекови права, демократија и меѓународна безбедност и тие се сè уште релевантни во светот во кој ние денес живееме, рече амбасадорот на Холандија во Македонија ХЕ Мариет Шурман.

„ Да се биде прв на новосоздадена позиција и да не се искористи искуството од претходниците е предизвик. Доколку вие на Универзитетов продолжите по стапките на вашиот татко –основач, доколку промовирате толеранција и се борите против предрасудите и стереотипите, јас сум сигурен дека вашите напори ќе бидат плодни “ , рече амбасадорот на ОБСЕ НЕ Ралф Брет.

„Макс ван дер Штул имаше способност да ги реши пречките во дијалогот и да преговара . На универзитетот на пример тој зборуваше со професори и потоа градеше мислење. Тој исто така спомена , пред меѓународниот одбор , дека Универзитетот ќе биде посветен на албанскиот јазик.Тој имаше способност да ги запре конфликтите .“, рече ректорот Емеритус, Академик Алајдин Абази.

„[Ректорот Емеритус] се сретна со Макс ван дер Штул во 2001 година, несигурен дека некои дипломати од високо ниво би го зеле предвид нашиот случај . Но, Макс ван дер Штул секогаш бараше решенија. Тој помогна на Универзитетот да преговара во Европската комисија и го изградивме објектот на ректоратот “ рече генералниот секретар на УЈИЕ,Џеваир Мемеди.

„Ние сме собрани тука денес за да се потсетиме на личноста и работата на поранешниот висок комесар на ОБСЕ. Ние сме денес тука да се потсетиме на тивката дипломатија на тивкиот превентивен дипломат со значајни способности за убедување во текот на неговите посебни напори за разрешување на конфликтите насекаде во светот“ , рече директорот на Институтот за научно истражување проф.д-р Ветон Латифи.

Google+