Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се зголемува размената на студенти помеѓу УЈИЕ и Европските универзитети

Во текот на академската 2013/2014 година десет студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа ја искористија можноста за размена на студенти во рамките на програмата Еразмус.



Овој број се постигна благодарение на интересот и подготовките на студентите од овој универзитет да се натпреваруваат и да победат во неколку различни програми за размена на студенти.

„Има 10 студенти кои тековно студираат на Европските универзитети со кои нашиот универзитет има потпишано билатерални договори . Споредено со претходната академск година има значително зголемување на бројот на студенти кои се пријавија и се избрани за реализација на програмите за рамена на Универзитетите како што е Гетенбург во Шведска, Твенте во Холандија, или Грац во Австрија“ рече Бујар Синани претставник на канцеларијата за истражување и за меѓународни односи.

Во текот на овие студии, студентите донесоа европско искуство, кое според нив, не се разликува од она што ќе го добијат во примарниот универзитет.

Програмата Еразмус во Македонија започна со функционирање во академската 2012/2013 година, Универзитетот на Југоисточна Европа со активности за испраќање студенти на универзитетите во различни европски држави.

„Доколку во првите две години, универзитетите од Македонија можат да испратат студенти за размена во програмата Еразмус + која започнува од академската 2014/2015година,размената ќе биде взаемна и Универзитетот на Југоисточна Европа ќе биде домаќин на голем број меѓународни студенти, бидејќи имаме голем број на студиски програми на англиски јазик,“ рече Бујар Синани.

Програмата Еразмус го промовира учењето и разбирањето на универзитетот домаќин, како и чувството да се биде дел од мрежата на меѓународни студенти. За повеќето студенти , програмата Еразмус претставува нивно прво искуство на престој и студирање во странство.

Google+