Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ со предизвикувачка академска понуда

Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска година 2014/2015, понуди предизвикувачки академски програми во трите циклуси на студии.



Анализите на пазарот и податоците од тековните и од потенцијалните студенти овозможија оваа понуда да се хармонизира со овие барања преку вклучување на сите аспекти од академската понуда според стандардите на високообразовниот простор.

„Оваа академска година ние ќе понудиме 17програми за додипломски студии и 34 програми за магистерски студииспоред моделот 3 плус 2 и 4 плус 1.Ние сме единствени во регионов кои нудат он – лајн програми: четири студиски програми во првиот и во вториот циклус на студии . Оваа годинание ќе продолжиме да нудиме докторски студии преку докторската школа и 9 акредитирани програми за докторски студии или програми од третиот циклус ”, рече Ректорот Дика.

Во новата академска година се очекува на УЈИЕ да се запишат приближно 1300 студенти, бројка одредена во согласност со меѓународните стандарди за соодносот студенти и академски кадар.

Изворите на информации се многубројни. Сите кои се заинтересирани можат да ја посетат нашата веб-страница социјалните медиуми, нашите универзитетски служби со цел да добијат детални информации.

Конкурсот за запишување студенти веќе е објавен и сите заинтересирани имаат можност, транспарентно да ги видат студиските понуди и школарините.

Универзитетот на Југоисточна Европа за разлика од другите универзитети во регионов веќе додели стипендии по заслуга кои годинава се 80. Уникатноста на овие стипендии по заслуга е тоа што тие се даваат на потенцијални кандидати пред тие да се запишат на додипломски студии.

Google+