Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студиската посета – светско искуство за студентите на УЈИЕ

Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа се дел од процесот воспоставен на овој Универзитет со кој се нудат можности за практично истражување и можности за подобро запознавање со нивната област на студии.



Сите факултети на Универзитетот на Југоисточна Европа во агендата на академските активности како приоритет за имплементација имаат вклучено и студиска посета. Студиските посети зависат од областа на студии на факултетот.

Вообичаено, Правниот факултет планира студиска посета во април и целта е студентите да ги посетат главните правни институции на Европската унија како и правните институции на индивидуалните членови на Унијата.

„Целта е да се прошират европските и меѓународните хоризонти на нашите студенти со што тие ќе имаат можност подобро да се запознаат со функционирањето и начинот на работа на европските и меѓународните институции како што се државниот парламент, европскиот парламент, националните и меѓународните судови, правниот факултет итн...,за да може практично да ја поврзат теоријата со практичните аспекти. Секако, во текот на студиската посета , нашите студенти имаат можност да ги споделат своите искуства со студентите и факултетите од различни европски држави и да се запознаат со начинот на кој тие ги изведуваат предавањата , вежбите и испитите“, рече продеканот на Правниот факултет, Јетон Шасивари.

Факултетот за современи науки и технологии во главно ги изведува студиските посети во познати компании во Македонија на кои ИТ им е главната област на делување, но исто така и во други компании од регионов. Повеќето од студентите од Факултетот за СНТ изведуваат стажирања во овие компании.

„Имаше голем интерес од студентите да учествуваат на овие посети и во некои случаи имавме и конкретни иницијативи од студентите“, рече Адриан Бесими, продекан на Факултетот за современи науки и технологии.

Факултетот за бизнис и економија продолжува со студиските посети во големи компании со кои Универзитетот има блиска соработка.

Google+