Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Програмата Хоризонт 2020 ги спојува компаниите и универзитетите

Универзитетите и компаниите можат да се пријават за финансирање за поддршка на истражување, развој и на иновативност.



Оваа можност е достапна во рамките на програмата на Европската Унија, Хоризонт 2020, која е посветена на промовирање на истражувањето и иновацијата.

Хоризонт 2020 е финансиска алатка на Европската унија која има за цел да осигури глобална конкурентност на Европа.

Програмата е продолжение на рамковната програмата ФП 7, само што сега е попрецизна и фокусирана на истражување и иновативност. Сите кои се пријавуваат имаат можност да се пријават преку иновации како и за поддршка на истражувањето.

Хоризонт 2020 е отворена за сите, наменета за зголемување на конкурентноста и фокусирана на она што е навистина важно.

Се очекува оваа програма да биде надополнета со дополнителни алатки за да се развие Европската област на истражување. Овие алатки се со цел да се срушат бариерите и да се создаде единствен пазар на знаење, истражување и иновација.

Фондовите кои се наменети за оваа програма се околу 80 милијарди евра, додека планираното времетраење за реализација на проектите е до 2020.

Google+