Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Професионален развој за подобра изведба

Универзитетот на Југоисточна Европа успешно заврши со неделата за обука за професионален развој (20-24 јануари 2014), каде што се разгледуваа различни значајни теми за професионален развој на академскиот и на административниот кадар.



Кадарот дискутираше и разработи многубројни теми: предизвици на управување и менаџмент; обезбедување квалитет; академски обем на работа и метрика на изведбата;можности за истражување и истражувачки профил на академскиот кадар; меѓународна комуникација; ефективно разрешување жалби на студентот и на кадарот; и интернационализација и мобилност на кадарот/ студентите.

Во рамките на одржување на традицијата, беше прогласен и добитникот на Наградата за извонредност во работењето за академската 2012/2013година на церемонијата за јавност во тек на програмата за развој. Добитникот на наградата за оваа година е Али Пајазити.

„Сакам да се заблагодарам на Комисијата за изборот, на претседателот на Одборот, ректорот и на кадарот на УЈИЕ за доделувањето на оваа награда“, рече Пајазити.

Во оваа прилика неколкумина други колеги добија признанија за различни активности со кои се промовира имиџот на Универзитетов и во заедницата и надвор како и нивниот придонес за општеството и за академскиот свет.

Google+