Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Двајца меѓународни експерти ќе го надгледуваат квалитетот на Универзитетов

Универзитетот на Југоисточна Европа во рамките на стратегијата за постојано подобрување на квалитетот на академските услуги ангажираше двајца нови шампиони за обезбедување квалитет.



Франсис Овен и Стив Бристоу се двајцата нови шампиони за обезбедување квалитет и тие двапати годишно ќе изведуваат ревизија. Нивна должност ќе биде да дадат препораки за подобрувањата, фокусирајќи се на посебните академски и административни процеси, функции или податоци кои претходно биле идентификувани и усогласени.

Франсис Овен е добар познавач на административните работи, искусен во развојот и во имплементацијата на организациските стратегии во поголемите компании, корпоративниот развој и во корпоративното управување. Таа е потврден истражувач во областа и искусен менаџер за квалитет со богата и успешна биографија во обезбедувањето квалитет.

Стивен Бристоу е друг шампион за обезбедување квалитет, кој исто така има големо искуство во областа на високото образование. Тој е еден од главните советници за високото образование во Министерството за образование на Косово и виш советник за обезбедување квалитет и управување во Британскиот совет за акредитација за независно образование, како и водечки член на многу други институции кои главно се занимаваат со проблемите во високото образование.

Google+