Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентски правобранител - Гласот на студентите на Универзитетот

Канцеларијата на студентскиот правобранител е многу важна за студентите и за Универзитетот.



Тековниот студентски правобранител Валдета Пајазити е првиот студентски правобранителво историјата на институцијава. Таа беше избрана од студентите во согласност со Статутот на студентскиот парламент.

„Задоволство ми е што сум првиот студентски правобранител и јас на ова гледам повеќе како на одговорност отколку како на привилегија“, рече Валдета при средбата во канцеларијата каде што таа ревидираше некои документи.

Задачата на студентскиот правобранител е да се грижи за зачувување на највисоките стандарди во академскиот живот и за поддржување на студентите во нивните жалби.

„Канцеларијата обезбедува ефективна поддршка за студентите во независно разгледување на жалбите и непосредно во случаи кога тие не се решени од релевантниот оддел или факултет,“рече Валдета.

Студентскиот правобранител има едногодишен мандат. Ова е многу краток период и студентите сèуште не се запознаени со улогата и со канцеларијата. Таа истакна дека тековно, покрај секојдневната работа со студентите таа се обидува да ги промовира функциите на службата.

„Овој студентски сервис е нова позиција која ја имаме само една година; тоа е функција и поради тоа сè уште е во почетна фаза и не се сите студенти информирани ниту ја користат оваа функција. Но, како студентски правобранител јас користев неколку методи да ги информирам студентите за мојата позиција и за улогата на оваа позиција на Универзитетов“, рече Пајазити.

Важно е за студентите да ги покренат важните теми, да бидат информирани за своите права и да соработуваат со студентскиот правобранител. Постоењето на оваа позиција на Универзитетов претставува можност студентите да ги решат проблемите со кои се соочуваат во своите секојдневни студии.

„Ги покануваме сите студенти на УЈИЕ да ја искористат оваа можност во своја полза со цел ние заедно да постигнеме задоволително, точно и квалитетно решение секогаш во согласност со правилниците на Универзитетов“,ги поттикна таа. Според неа, овој пристап ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите на студентите во рамките на нашиов Универзитет.

Студентите исто така имаат распоред да се сретнат со студентскиот правобранител во канцеларијата. Студентскиот правобранител ќе ги спроведува неформалните барања и ќе се обиде да ги реши изложените проблеми и да реши дали е потребна истрага за нив. Доколку за жалбата е потребна дополнителна истрага, студентскиот правобранител независно ќе ја истражува жалбата.

Google+