Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Перспективите и состојбата на денешната социолингвистика - Меѓународна конференција на УЈИЕ

„Дебатите како што е денешнава придонесуваат за лингвистичката комуникација со заедницата и со различните заедници и се докажува старата изрека на истакнатиот научник Еќрем Чавеј местото каде што се населуваа Албанците на Јадранското и на Јонското Море ја одредуваа историската судбина на јазикот и на културата“- рече ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика.



Меѓународната конференција се организираше од Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со познати научници од Академијата на науки на Албанија, Универзитетот во Амстердам, Универзитетот во Корча, Универзитетот во Приштина, Универзитетот во Елбасан како и од Универзитетот за меѓународни односи и дипломатија од Загреб.

Академикот Емил Лафе, од Академијата на науки на Албанија во својот говор рече: „Почестен сум што денес сум во центарот на албанското знаење и култура. Овој Универзитет е пример за другите универзитети по важноста која ја дава на науката и на научното истражување“

Некои од темите, кои се презентираа беа: „Дијалектни и говорни подрачја на албанскиот јазик како база на сегашните социолингвистички студии“, „Јазикот на младите во социјалните мрежи како социолингвистички и комуникациски аспект“, „Миграција на албанската популација од Македонија – етничка студија“, „Јазикот како основен елемент во формирањето на идентитет во литературата на Албанската ренесанса“, „Употребата на симболите и знаците во електронското комуницирање“, „Јазичните и патриотските вредности во делото – Предавањата за Арбрешите“ од авторот Ѓовалин Шкуртај.

Научните трудови презентирани на оваа конференција се очекува да се објават, бидејќи претставуваат значен научен извор како за разни научници така и за помладите научници и студенти.

Google+