„Овој ден е многу значаен за вас. Вие сте на врвот на вашиот професионален развој“, рече во својот поздравен говор проректорот за академски работи, проф д-р Ендру Гудспид. Тој им гарантираше на студентите дека тие ќе имаат целосна поддршка од сите служби на Универзитетот.
Директорот за докторски студии, проф. д-р Хасан Јашари ги информираше студентите дека оваа година за прв пат на нашиов Универзитет се организираат редовни докторски студии што всушност значи дека студентите треба да ги следат предавањата и да полагаат испити.
Студентите исто така се запознаа со главните служби на Универзитетот како што се студентскиот сервис, службата за информатички технологии, библиотеката, центарот за кариеракако и се сретнаа со претставниците од факултетите.