Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дружење на Шар Планина

Група студенти и вработени од Универзитетот на Југоисточна Европа, на почетокот на октомври реализираа рекреативна прошетка на патеката од Попова Шапка до месноста „Каменот на Сидол“.



Ова, не е прв пат Одделот за спорт на УЈИЕ во соработка со разни клубови од Универзитетот да организира ваков вид на активности, кои имаат за цел дружење и култивирање на физичкото здравје на учесниците, вели Менан Мемеди, раководител на овој оддел.

„Освен рекреацијата, вработените и студентите имаа можност да се дружат меѓу себе во релаксирана атмосфера надвор од училниците и амфитеатрите“, рече Артан Лума, претседател на клубот SEEUAlpineкој е еден од организаторите на оваaактивност.

Патеката беше многу интересна, со многу природни убавини кои ги нуди Шар Планина. Студентите, посебно тие кои не беа од Тетово изразија задоволство од организирањето вакви активности кои овозможуваат подобро и во целост да го запознаат градот и околината која го опкружува а посебно за можноста за дружење, која во вакви околности е многу спонтана.

Google+