Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Бестселерите исто така се најчитани и од студентите на УЈИЕ

Книгата „Педесет нијанси на сиво“ од Е. Л. Џејмс е најчитаниот роман во библиотеката на Универзитетот на Југоисточна Европа следена од универзитетските книги од разни области.



Ова е вообичаено за овој временски период , кога студентите имаат предавања и нема испитна сесија. Овој период од семестарот студентите го користат за да читаат ваков вид на литература. Нашите студенти се во хармонија со светските трендови во врска со изборот на книгите бидејќи романот „Педесет нијанси на сиво“ од авторот Е. Л. Џејмс е и најчитана книга во многу земји во светот, со околу 70 милиони продавани копии.

„Јавни финансии“ од авторот проф. д-р Абдулменаф Беџети за овој период од студиската година е најпозајмуваната книга од областа на универзитетски учебници, следена од книгата со ист наслов но на македонски јазик од авторот Живко Атанасовски. Меѓу петте најчитани книги од областа на универзитетски учебници се и книгите: „Европската унија: право, институциите и политики“ од авторот доц. д-р Абдула Азизи , следена од „Програмирање во C + + “, од авторот Агни Дика и „Calculus for business, economics, and the social and life sciences / Laurence D Hoffmann.


Според статистиката на универзитетската библиотека на УЈИЕ најмногу се позајмуваат книги на англиски јазик, односно од Американската и англиската литература.

Библиотеката е добро снабдена со книги, бидејќи книгите се купуваат според наставната програма на факултетите. Студентите имаат можност да ги најдат повеќето од книгите кои ги користат во текот на студиите.

Листа на најновите книги кои можете да ги најдете во библиотеката:

1-The Kosovo News and Propaganda War [printed text] / Goff, Peter, Editor.

2-E drejta civile : pjesa e përgjithshme [printed text] / Aliu, Abdulla,

3-Information technology project management [printed text] / Schwalbe, Kathy,

4-E-business and e-commerce management : strategy, implementation and practice [printed text] / Chaffey, Dave,

5-Кензијанска економска филозофија : од Кејнз до денешни дни - Фити, Таки

Според официјалните извештаи од електронските бази на податоци за месечно користење на истите, нашата библиотека е рангирна напрвите три места во Македонија.

Универзитетската библиотека е лидер во користењето на библиотекарските он-лајн бази, како што е EBSCOи др. Нашата библиотека е единствена членка на конзорциумот на библиотеките на Македонија од приватните универзитети.

Преку он-лајн каталогот студентите можат да ги најдат сите информации во врска со материјалите, со кои располага библиотеката.

Google+