Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа и Општина Тетово заедно за проекти од областа на животната средина

Универзитетот на Југоисточна Европа и Општина Тетово заедно за проекти од областа на животната средина



Ректорот на УЈИЕ, д-р Дика и градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи потпишаа меморандум за меѓусебна соработка.

Се работи за „Меморандум за разбирање за воспоставување стратегиска соработка и партнерство помеѓу Општина Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа“ и Договор за соработка меѓу Општина Тетово и Институтот за животна средина и здравје на УЈИЕ со цел реализација на проектот „ Климатски Акционен План за градот Тетово“.

„Ние ќе ги координираме нашите активности со цел да ги поддржиме иницијативите и проектите за доброто на сите граѓани, општината и нашиот Универзитет. Со овој чин ние ја истакнуваме нашата подготвеност да ја обезбедиме експертизата која ја имаме на Универзитетот на Југоисточна Европа, рече ректорот Дика.

„Преку овие договори ние ја формализираме нашата соработка и наидовме на поддршка од ректорот за сите наши проекти во интерес на нашите граѓани и на општината“,рече градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи.

Реализацијата на договорот се планира во неколку фази , во кои Универзитетот на ЈИЕ ќе има клучна улога во обезбедувањето експертиза особено во развојот на Климатскиот Акционен План за Тетово со кое се предвидува намалување на стакленичките гасови и трансформирање на Тетово во еколошки град.

Google+