Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Современите студентски домови ги чекаат новите студенти

Современите студентски домови ги чекаат новите студенти



Универзитетот на Југоисточна Европа е единствениот интегриран универзитет кој меѓу другите услови исто така нуди и сместување на студентите во Кампусот.

Африм Јонузи, Директор на студентскиот дом вели дека сместувањето на студентите се прави пред почетокот на секоја академска година и приоритет се дава на студентите кои доаѓаат од други градови , освен Тетово и Гостивар.

„Студентските домови на УЈИЕ се состојат од 7 објекти, со вкупно 450 кревети“, вели Јонузи.

Сите соби имаат кујна за готвење и потребен инвентар како и современи капацитети за поудобен престој.

Универзитетот на Југоисточна Европа се грижи за безбедноста на сите кои престојуваат на универзитетот и поради тоа е ангажирана и службата за обезбедување , која 24 часа обезбедува услуга. Исто така има и менаџер на објектот кој е одговорен за сите технички барања на студентите.

Студентите во текот на нивниот престој во студентските домови имаат можности за разни спортски активности. За оваа цел на располагање се спортските терени за фудбал, кошарка,трчање и капацитетите за фитнес . Сите кои сакаат да читаат и да се подготват за часовите можат да ја користат библиотеката на Универзитетот и сите кои сакаат да се забавуваат во кампусот има ресторан и кафетерија.

Google+