Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ – Скопје во нов објект со меѓународни стандарди

УЈИЕ – Скопје во нов објект со меѓународни стандарди



Имајќи го предвид фактот за зголемен интерес за студирање на Универзитетот на Југоисточна Европа во Центарот во Скопје (УЈИЕ - Скопје) од оваа година студентите ќе имаат можност да студираат во поголем и поатрактивен објект. УЈИЕ Скопје се сели во нови простории , лоцирани во Центарот во Скопје на влезот во Стара Чаршија во објектот „МОСТ”.

„Преселувањето во новиот објект во Скопје беше потребно затоа што има голем број студенти кои сакаат да студираат на УЈИЕ во Скопје и тој број секоја година се зголемува. Ова ги поттикна менаџментот на Универзитетот да побараат поголем објект кој ги исполнува меѓународните стандарди и услови потребни за студии. Објектот има површина од над 3,000 м2, амфитеатар и училници “ рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.

Сега студентите во УЈИЕ Скопје ќе имаат исти услови како и оние кои студираат на централниот кампус во Тетово.

Со оваа инвестиција Универзитетот на Југоисточна Европа е единствениот универзитет во Македонија кој ги нуди истите услови за студирање за студентите и во централниот кампус и во Центарот на Скопје исто така.

„Наша цел е студентите да добијат услуги со ист квалитет било каде и да студираат во Центарот во Скопје или Кампусот во Тетово.Ние се грижиме за стандардите и квалитетот на предавање и инфраструктурата.Од овој аспект ние сме лидери во регионов“, рече ректорот Дика.

Google+