Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Започнаа предавањата на УЈИЕ

Започнаа предавањата на УЈИЕ



На Универзитетот на Југоисточна Европа започнаа предавањатаза сите студенти запишани во новата академска 2013/2014година. Во говорот , ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа рече : „Вие, денес на овој посебен ден ќе се чувствувате посебни .Од вас бараме да бидете добри студенти, ревносни, редовни, заинтересирани, заинтригирани, да прашувате, критички да размислувате и активно да учествувате во наставата. Ако заедно ги „одиграме“ одговорно улогите, ви гарантирам дека од оваа сала ќе излезат умни лидери, успешни менаџери, најдобри професионалци и, пред сѐ, достојни граѓани на новата Европа базирана на знаење. И, сево ова збогатено со различни можности на студентскиот живот, организиран во различни клубови од Студентската унија кои заедно го сочинуваат системот кој ќе го промени вашиот живот.Истовремено, ние ќе бидеме ваши пријатели, ваши колеги, но, исто така, и ваши родители. Ќе бидеме принудени да бараме присуство на настава, но исто така и максимална флексибилност и водство во текот на вашето индивидуално учење.

Google+