Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се промовираше заедничката студиска програма меѓу УЈИЕ и Универзитетот во Љубљана

Во четврток (25 април 2013), во информативниот центар на Европската комисија во Скопје се промовираа новите студиски програми за првиот и за вториот циклус на студии (заедничка диплома), Европски студии организирани од Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Љубљана.



На оваа промоција учествуваа претставници од кабинетот на Претседателот на Република Македонија , вицепремиерот за евро-интеграции Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ мисијата во Македонија Аиво Орав, амбасадорот на Р.Словенија во Македонија, Бранко Раковец и деканот на Факултетот за општествени науки проф. д-р Бојко Бучар .

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф.д-р Замир Дика во неговиот воведен говор во ова прилика рече дека промоцијата на оваа заедничка програма значи највисоко ниво на соработка меѓу двата универзитети.

„Партнерството меѓу универзитетот од држава којае дел на Европската унија иод земјатакојаима аспирации да бидевклученаво европското семејство, треба да послужикако добар пример кој покажува дека преку науката и образованието полесносе надминуваатполитичките бариери и дека процесите заинтеграција се одвиваат побрзо“, рече ректорот Дика.

Поради посетата во Канада, Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов на промоцијата го испрати неговиот советник Димитар Мирчев, кој го прочита говорот подготвен од претседателот за овој настан.

Во говорот на претседателот меѓу другото се истакна дека овие програми преку интегралниот пристап ќе ги обучат студентите за независна професионална и аналитичка работа на полето на европските прашања на национално но и на европско ниво.

„Сигурен сум дека наставниот кадар од двата универзитети успешно ќе се соочи со овој професионален предизвик и ќе ја оствари основната цел- пренесување на знаењето на идните генерации “ истакна во писмото претседателот Ѓорѓе Иванов.

„ Ние имаме долгорочна заложба во поддршка на Универзитетот на Југоисточна Европа која датира од основањето на Универзитетот и продолжува со поддршка на развојот на академските активности. Поради тоа ние особено сме задоволни што можеме да помогнеме во дизајнирањето на нови студиски програми посветени на Европските студии“,рече меѓу друготошефот на делегацијата на мисијата на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот Аиво Орав.

„Ние сме присутни денес на оваа промоција и споделуваме заедничка цел –присуство на европската идеа меѓу младите и нови академски генерации со единствена цел тие да бидат главниот столб на нашето општество кои ќе го предизвикаат овој процес и ќе бидат носители на промена и просперитет кон проевропското општество“ рече вицепремиерот за евро-интеграции д-р Фатмир Бесими.

„Соработката меѓу два факултети исто така е дел на богатиот мозаик на билатералните односи меѓу двете пријателски држави“ рече амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Бранко Раковец.

Деканот на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана истакна дека соработката со ФЈАПН започна пред неколку години со потпишување на договорот за соработка и се конкретизираше со дизајнирање студиски програми од првиот и од вториот циклус и мобилност на студентите и на кадарот . По дипломирањето студентите ќе бидат подготвени за пазарот на трудот на европско, национално, локално ниво и во граѓанскиот сектор.

Деканот на Факултетот за јавна администрација и политички науки, проф. д-р Елена Андреевска, исто така ја истакна важноста на оваа соработка со надеж дека соработката ќе продолжи во сите сфери. Таа им се заблагодари на сите за нивниот придонес и за присуството на оваа промоција.

Google+