Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа Отворен ден на Универзитетот на Југоисточна Европа

Средношколци, родители, професори и други заинтересирани во сабота (13 април 2013 год.) во рамките на манифестацијата „Отворен ден “ имаа можност да се запознаат со студиските програми кои ги нуди Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) за академската 2013/2014 година, и придружната инфраструктура која Универзитетот ја поседува со цел да понуди стандардизирани меѓународни студии.



Во текот на настанот се објави и Конкурсот за запишување студенти , во кој се понудени некои новитети , особено нови програми во областа на интегрираните студии и заеднички програми со познати универзитети од регионов и од земјите на Европската Унија. Интегрираните програми ќе се понудат на Факултетот за современи науки и технологии , каде ќе бидат вклучени меѓународни експерти 50% од наставата е на Универзитетот, додека 50% во компаниите.

„Во овој Конкурс ние нудиме 19 додипломски програми, 30 програми од вториот циклус, 4 он-лајн програми (единствен универзитет кој нуди такви програми во регионов) и 6 програми од третиот циклус со 12 модули кои се реализираат преку докторската школа . Оваа академска понуда докажува дека нашиот Универзитет се зголемува како во квалитет така и во квантитет. Овие програми се нудат на пет факултети , Факултетот за бизнис и економија, Факултетот за современи науки и технологии , Факултетот за јавна администрација и политички науки , Факултетот за јазици, култури и комуникација и Правниот факултет“, рече Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика.

Новитет е исто така проширувањето на Универзитетот во друг објект со повеќе простор во Скопје т.е. поранешната стоковна куќа „Most“.

Според Конкурсот во новата академска2013/2014 година се очекува да се запишат 1300 студенти со цел да се задржат амбициите за високо квалитетно универзитетско образование во согласност со меѓународните стандарди.

На Отворениот ден специјален гостин беше Канита Сума, финалист на Х-фактор во Албанија,на која Ректорот и врачи признание за постигнатиот успех.

Во рамките на манифестацијата „Отворен ден“ се одржаа голем број активности како што се: изложба од студентите од комуникациски науки, активности од студентскиот парламент, финале на натпреварот во фудбал во средните училишта во Тетово, организиран од одделот за спорт на УЈИЕ и богата културна и забавна програма.

Google+