Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Образовно рандеву се одржа во УЈИЕ

Во петок и сабота (19-20 април 2013) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа традиционалниот саем за средните училишта - Образовно рандеву. На саемот учествуваа околу 1000 ученици од 25 средни училишта во Македонија и многу професори од овие училишта.



Настанот го отворија Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, заменик-министерот за образование и наука на Р. Македонија г. Сафет Незири, градоначалникот на општина Тетово проф. д-р Теута Арифи и директорот на УСАИД во Македонија г. Роберт Вурц.

Ректорот Дика рече дека многу е значаен изборот овој настан да се одржи на нашиов Универзитет.

„ Универзитетот воопшто е место каде што се развива еден од најголемите човечки квалитети –интелектот. Јас сметам дека УЈИЕ е соодветно место каде што овие ученици имаат можност да ги презентираат и да ги имплементираат овие идеи во иднина“ , рече ректорот Дика.

„Образованието ги подготвува младите генерации за животот. Иднината на нацијата и човековата моќ е во образованието. Организирањето на ова образовно рандеву има за цел студентите да се натпреваруваат и да се социјализираат,“рече заменик-министерот за образование и наука г. Незири.

Градоначалникот на општина Тетово проф. д-р Теута Арифи рече „Мило ми е што УЈИЕ е местото за состанок на учениците од средните училишта затоа што УЈИЕ е обележје на градот Тетово. Како општина, ние ќе бидеме целосно посветени за да поттикнеме и да поддржиме иницијативи кои се однесуваат на организацијата и поддршка на новите генерации.“

Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, г. Роберт Вурц рече дека „Рандевуто е наменето за студентите да ги покажат вештините со кои се стекнале и меѓусебно да се натпреваруваат. Јас им честитам на овие млади луѓе, на професорите и на УЈИЕ кои учествуваат во рандевуто каде учениците ќе ги демонстрираат нивното знаење преку различен вид на натпревари. “

Овој настан го поздрави и директорот на Економското средно училиште во Тетово, г. Зана Исмани која зборуваше за важноста на овој проект за спојување на младите луѓе и развој на нивните вештини.

Google+