Невладината организација „Глобален интегритет“ избраа финансиски да го поддржуваат проектот „Едноставно визуализирање на политиката“ од авторите Адриан Бесими и Висар Шеху.
Проектот има за цел преку анализа на текст и иновативни методи да обезбеди едноставен и јасен преглед на политичката состојба на Македонија.
Преку проектот ќе се создаде платформа базирана на веб на која ќе се презентираат релевантните информации за говорите во собранието.
„ Собранието на Македонија внимателно ги собира сите говори и дебати кои биле одржани – постојат илјадници документи“ вели Висар Шеху. Тој истакна дека тие развиле алатка која ќе им овозможи на граѓаните од Македонија да ги мерат говорите на политичарите и да бидат поодговорни.
„ Од овој проект ќе имаат придонес гласачите, новинарите и невладините организации. Во општеството проектот треба да влијае врз промоцијата на транспарентноста и отчета на политичарите во Македонија“, рече Шеху.
Овој проект треба да се имплементира во период од шест месеци со можност за продолжување и рефинансирање. Се предвидува да се одржат две работилници.
Проектот беше меѓу петте избрани проекти од 311 кои аплицираа.