Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Програмата за размена на студенти на УЈИЕ- единствено искуство

Студентите Триме Халили, Леутрим Мехмеди и Лиридона Велиу се само дел од големиот број студенти од УЈИЕ кои ја искористија можноста и добија стипендии преку програмата за размена „Еразмус“.



Преку оваа програма на студентите им се овозможува студентски престој за еден семестар на еден од универзитетите партнери во различни европски држави со кои УЈИЕ има потпишано билатерални договори за програмата „Еразмус“ .

„Има моменти во животот кога местата ви се познати, луѓето околу вас ви изгледаат исто а идеите сиромашни. Предизвикајте се. Станете дел од различните проекти за размена на студенти, движете се и откријте го светот.Предизвикајте ги границите бидете господари на себе си“ рекоа и двајцата студенти, Триме Халили и Лиридона Велиу, кои се дел од проектот за размена на студенти во рамките на програмата Еразмус и тековно престојуваат на Универзитетот во Љубљана.

„Судбината секогаш ги следи храбрите,“ рече Десидериус Ерасмус, човекот по чие име е наречен проектот преку кој се поттикнуваат младите од целиот свет да се здружат, да учат и да ги споделат нивните искуства на најдобар можен начин. Во вашиот живот само еднаш може да бидете Еразмус студенти. Не ја пропуштајте златната можност која ви ја нуди Универзитетот на Југоисточна Европа“ рече Леутрим Мехмеди.

Покрај „Еразмус“ има многу други програми преку кои им се овозможува на студентите да одат во различни европски универзитети и потоа да го носат нивното искуство во нивните домашни универзитети. Според канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ има значителен број на студенти кои ја искористиле можноста за размена и се вратиле на универзитетот со искуство кое од гледна точка на предавање и квалитет не се разликува многу од искуството на УЈИЕ.

Бенефициите застудентите се јасни: нови искуства, проширени знаења, пријателства со студенти од други универзитети, како и нови можности за размена на идеи.

Google+