Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во УЈИЕ се одржа Меѓународна конференција за процесот на децентрализација

„Процесот на децентрализација, трендови и случувањата во иднина“ беше темата на Меѓународната научна конференција која се одржа во петокот (25 јануари 2013 година) во Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Институтот за политички и меѓународни студии.



За отворена Конференцијата ја прогласи проректорот за истражувања на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, кој рече дека оваа конференција има многу значајна тема и се одржува и во значајно време.

Демуш Бајрами, советник на ректорот, рече дека со децентрализацијата се подразбира донесување на одлуките и нивнот спроведување на истото ниво на власта.

На Конференцијата учествуваше и министерот за локална самоуправа на Македонија, Невзат Бејта, кој зборуваше за своето искуствокако градоначалник, пратеник и министер во реализацијата на процесот на децентрализација во Македонија.

Директорот на Институтот за политички и меѓународни политики, проф. д-р Илбер Села рече дека целта на оваа конференција е оценување на процесот на децентрализација, што е направено досега, проблемите кои настанаа и кои се трендовите на овој процес во иднина.

Google+