Корисниците кои имаат пристап до својата домашна безжична мрежа, транспарентно и едноставно добиваат пристап и до мрежата на секоја друга институција - членка на едуроам. Значи, едуроам им овозможува на студентите, истражувачите и вработените од институциите учеснички да добијат интернет-врска низ кампусот и кога се во посета на други институции учеснички со едноставно отворање лаптоп.
Едуроамзапочна во Европа, и доби импулс преку истражувачката и образовната заедница и сега е достапна во 59 земји низ целиот свет.
Од почетокот на 2013 година нашиот Универзитет е членка на оваа светска академска научноистражувачка мрежа.