Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Парламентот и студентскиот правобранител во служба на студентите

Студентот Илир Реџа е првиот избран претседател на Студентскиот парламент и асоцијација, додека Валдета Пајазити е избрана за студентски правобранител.



Претседателот на Студентскиот парламент и асоцијација е избран на 4 декември 2012 година, а студентскиот правобранителе избран со директни избори од студентите на УЈИЕ.

„Верувам дека ќе организираме разни активности за оживување на студентскиот живот во рамките на кампусот. Ќе се ангажираме да организираме активности преку кои студентите ќе се пронајдат себеси, а ние ќе ги подржуваме во секоја област. Пред се, ние ќе бидеме гласот на студентите, секогаш со нив и во нивна служба“, рече Реџа.

„Сигурна сум дека оваа позиција ќе им овозможи на сите студенти да ги изразуваат своите незадоволства и да доаѓаат до задоволително, коректно и квалитетно решение во согласност со правилниците на Универзитет на Југоисточна Европа“, вели Валдета Пајазити, студентски правобранител.

Студентската унија беше организацијата која ги претставуваше студентите на УЈИЕ се до изборот на Студентскиот парламент и асоцијација, која се формира како резултат на промените на актуелната легислатива за студентско организирање во Македонија.

Прв претседател на Студентската унија на УЈИЕ беше Елми Азири, кој беше наследен од Али Алиу, Амир Шабани, Агон Ферати и последен беше Пајтим Тачи.

Google+