Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Обука за зголемување на академскиот квалитет

На Универзитетот на Југоисточна Европа (од 16 до 18 јануари) се одржа обука за академскиот и административниот кадар во разни области, со цел зголемување на академскиот квалитет.



Менаџирање со квалитет, истражување, ефикасно комуницирање и други теми значајни за развојот на кадарот беа главна цел на оваа обука и беа ангажирани меѓународни експерти, но и експерти од Универзитетот.

Обуката беше продолжување на истата која се одржа оваа година во Крушево, а целта е зачувување и зголемување на професионалната изведба на академскиот и на административниот кадар.

Во рамките на оваа активност беа прогласени и добитниците на проектот за настава и истражувач на година, како добитникот на наградата за висока перформанса на академскиот и административниот кадар.

Луиза Зеќири е добитничка на наградата за најдобар проект од областа на наставата и учењето. Проектите беа оценувани од познатиот професор од Универзитетот во Лунд, Томас Олсон. Оваа награда се доделува по третпат.

Добитник на наградата за извонредност во работа за академската 2011/2012 година е Нуриман Бејтули, а на сите номинирани (вкупно 11) им беа доделени признанија. Оваа награда се доделува за првпат на нашиов Универзитет и ќе биде традиционална.


Google+