Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ - единствен универзитет во регионов кој нуди интегрирани студии

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во новата академска 2013/2014 година ќе нуди интегрирани студиски програми.



На почеток, интегрираните студиски програми ќе се нудат на Факултетот за современи науки и технологии, каде веќе се ангажирани меѓународни експерти, кои ќе ја дадат својата помош во областа на интегрираните програми.

Во рамките на овој факултет, во фаза на акредитирање се интегрираните студиски програми во областите: менаџирање со банки, менаџирање со бизнис и менаџирање на ТИК во компаниите. Овие програми ќе се нудат на англиски јазик со ангажирање на експерти од Германија и 50% од наставата ќе се одвива во универзитетот, а 50% во компаниите. Процентот на вработување на дипломираните од овие програми речиси е 100%.

Google+