Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Нов успех: Универзитетот на Југоисточна Европа доби право за спроведување на стандардизираниот испит за познавање на англискиот јазик – TOEFL во Македонија

Во вторник, 12 февруари 2013 година, од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика и директорот на ЕТС Глобал (Educational Testing Service) од Албанија, д-р Инес Дика, се потпиша меморандум за спроведување на стандардизираниот испит за познавање на англискиот јазик – TOEFL (Test of English as a Foreign Language).Овој испит за првпат ќе се организира во Р. Македонија, односно на Универзитетот на Југоисточна Европа.



На чинот на потпишувањето на договорот присуствуваше и заменик- министерот за образование и наука на Република Македонија, Сафет Незири и Лизеила Мартијин, една од директорите на централата на ЕТС Глобал со седиште во Принстон, Њу Џерси, САД.

„Денес, со ТОЕФЛ на секој студент од Македонија кој сака да заврши некој циклус на студии во било кој универзитет во светот му се овозможува да ја реализира оваа цел. Исто така, со TОЕИЦ , како инструмент прифатен од компаниите и јавната администрација на државите, може да се аплицира за работа во било кое место во светот. Ова тестирање е задолжително и со Законот за високото образование за сите универзитетски професори во Република Македонија кои сакаат да напредуваат во својата кариера, за судиите итн., значи ги отвораме вратите за сите оние кои сакаат да имаат успешна кариера.“, рече проф. д-р Замир Дика.

„Со овој договор УЈИЕ станува во значаен центар на сертифицирање на знаењето во Македонија и во регионов и сево ова како резултат на работата на менаџментот, на академскиот и на административниот кадар на овој Универзитет. Министреството за образование и наука на Македонија ќе го поддржи овој Универзитет во патот кон афирмирањето на квалитетот“, рече заменик-министерот Сафет Незири.

„Овој договор е еден од најуспешните договори потпишани досега и ова не е случајност туку е резултат на репутацијата на овој Универзитет и на ректорот Замир Дика и неговиот тим. Сигурна сум дека по потпишувањето на овој договор дипломите на овој Универзитет ќе имаат уште една додадена вредност“, рече Инес Дика, директор на ЕТС Глобал – Тирана.

Менаџерот на ТОЕФЛ Центарот Лизаила Мартијин рече дека важноста на ова тестирање се зголемува секој ден не само за студирање туку и за вработување надвор од земјава.

„Тестовите ИТИЦ (ITIC), заедно со ТОЕФЛ и ТОЕИЦ се многу значајни во однос на професионализирање на англискиот јазик. Многу луѓе не знаат дека кога се тестираат целта не е да се дознае колку тие го зборуваат англискиот јазик, туку колку се способни да комуницираат на ефективен начин на англиски јазик“, рече Лизаила Мартијин, директор на ЕТС Глобал – Њу Џерси.

Google+