Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Околу 70 студенти од Индија ја следеа програмата за обука на Универзитетот на Југоисточна Европа

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од 7-17 септември беше домаќин на меѓународната конференција на тема „ДОБИВАЊЕ ДЕЛОВНА ВРЕДНОСТ ПРЕКУ АНАЛИТИКА” во соработка со Кели факултетот за бизнис од Универзитетот во Индијана и Индискиот институт по менаџмент во Лукноу, Индија.



УЈИЕ по втор пат оваа година е домаќин на овој настан и на универзитетите партнери од САД и од Индија. Дополнително на наставата за студентите од Индија беше подготвена богата туристичка агенда во која беавклучени посети до најважните туристички места во регионот во Тетово, како што се Шарената џамија, теќето „Арабати баба“ како и некои други туристички места. Тие исто така посетија две компании „Еколог“ и „Ренова“ .

По завршувањето на интензивниот курс студентите ќе добијат сертификат за деловни анализи.

„Гостите од Индија се студенти на програмата МБА на Индискиот институт по менаџмент и повеќето од нив се вработени во истакнати мултинационални и транснационални корпорации. Индискиот институт по менаџмент е рангиран на 4. место во Индија за програмата МБА. Исто така Кели факултетот за бизнис е рангиран на врвот за факултетите по бизнис во САД “ рече Луан Ештрефи одговорен на Канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ.

Во текот на нивниот престој на нашиот Кампус гостите од Индискиот институт по менаџмент беа сместени во студентскиот дом во УЈИЕ .

УЈИЕ продолжува да креира поинтернационален профил и ваквите настани се важни за нас и за заедницата.

Google+