Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Премиерот Бериша ги пречека ректорите на Албанските универзитети од Македонија

Минатата недела во Тирана премиерот на Република Албанија, проф. д-р Сали Бериша ги пречека Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика, Ректорот на Државниот Универзитет во Тетово проф. д-р Вулнет Амети и претседателот на Институтот за демократија и за развој, проф. д-р Ветон Латифи.



Премиерот Бериша им честита на гостите од Македонија за нивните заложби за развојот на високото образование на албански јазик во Македонија и воедно го пофали придонесот на академската заедница на двата универзитети.


Албанскиот премиер одржа презентација и преглед на развоите и реформите во областа на високото образование како и чекорите кои ги презема Албанската влада кон економски напредок и развој на инфраструктурата.

Делегацијата на универзитетите од Македонија на состанокот го информираа премиерот Бериша за развојот на институциите кои тие ги управуваат и ги истакнаа нивните ставови во однос на образовната политика во регионов и пошироко. Тие исто така ја презентираа идејата за можностите за продлабочување на соработката меѓу високообразовните институции и академските заедници од Албанија и од Македонија.

Google+