Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Магистерските студии на УЈИЕ привлекуваат нови студенти

Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2012/2013 година продолжува со богатата понуда во вториот циклус на студии според моделот на студии 3+2 и 4+1 на албански, на македонски и на англиски јазик.



Во вториот циклус на студии , според моделот 3+2,оваа година се нудат 20 студиски програми на сите факултети на Кампусот на УЈИЕ во Тетово и во Скопје . Исто така, оваа академска година се нудат 5 едногодишни студиски програми според моделот 4+1 во Тетово и во Скопје.

Програми од вториот циклус

(90 кредити)

Програми од вториот циклус

( 120 кредити)

Факултети

· Кривично право

· Кривично право

· Граѓанско право

· Студии по безбедност

· Меѓународно право

Правен факултет

· Финансии

· Менаџмент

· Бизнис администрација (МБА)*

· Финансии и сметководство

· Менаџмент

· Маркетинг

· Претприемништво и локален економски развој

Факултет за бизнис и економија

· Дипломатија

· Јавна администрација

· Политички науки

· Дипломатија

· Развој на граѓанско општество

Факултет за јавна администрација и политички науки

· Развој на софтвер и апликации

· Менаџирање бази на податоци

· Бизнис информатика

Факултет за современи науки и технологии

· Настава по англиски јазик

· Германски јазик и литература

· Албанолошки студии

· Водство и управување во образованието

· Односи со јавност и маркетинг комуникација

Факултет за јазици, култури и комуникација

Според прелиминарните податоци има зголемен интерес скоро во сите студиски програми и има барања за отворање нови студиски програми.

Универзитетот на Југоисточна Европа е лидер во понудата на магистерски програми по мерка на потребите на кандидатите. Предавањата се следат во викендите и Универзитетот обезбедува доволно можности за изведување на квалитетни студии според современите стандарди.

Универзитетот на Југоисточна Европа започна со понудата на магистерски студии од 2005 година.

Google+