Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Кампусот на УЈИЕ атрактивен за новите студенти

Во понеделник (17 септември) започна ориентационата недела за новите студенти запишани во академската 2012/13 година. На свечената церемонија , ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика и проректорот за академски работи проф. д-р Ендру Гудспид им посакаа добредојде на студентите.



„Вие, денес на овој посебен ден ќе се чувствувате посебни исто како и во текот на сите овие години на студии бидејќи ќе студирате на Универзитет со најнапредните и најевропските стандарди на студирање во регионов. Со гордост можам да кажам дека нашите студии се хармонизирани со изворниот систем на таканаречениот „Болоњски процес“ – кој е синоним за најсодржајните реформи на високото образование во Европа“, рече ректорот Дика.

„Образовниот систем и педагошкиот модел во Универзитетот на Југоисточна Европа се дизајнирани да бидат во согласност со вашата индивидуална зрелост, се прилагодени на вашиот животен стил“, рече меѓу другото ректорот Дика.

Проректорот за академски работи на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Ендру Гудспид ги поздрави новите студенти поттикнувајќи ги да бидат креативни, храбри и трудољубиви со што ќе придонесат кон посветла иднина.

Во текот на ориентационата студентите се запознаа со инфраструктурата на Универзитетот, добија идентификациски картички и ги подготвијараспоредите исе сретнатаасо советниците на студентите.

Покрај тоа, студентите се запознаа со главните служби на Универзитетот како што се: Студентски сервис, Службата за ИТ поддршка, Центарот за кариера и администрацијата на одредените факултети каде што ќе студираат.

Google+