Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конференцијата „Балкан вчера, денес и утре“

Во петок (29 јуни 2012 година), во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, се одржа првата меѓународна научна конференција во рамките на 100 годишнината на балканските војни 1912-2012, со тема „Балкан вчера, денес и утре“ организирана од Институтот за политички и меѓународни студии - Скопје.



На отворањето на конференцијата ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, меѓу другото рече дека „ Евро – интегративниот пристап на регионот за овој историски период неколку пати е сменет, со цел да добие разни дефиниции: Денес, Балкан како име може да понуди политичка димензија и нов пристап за регионот благодарение на овие научни перспективи“

Директорот на Институтот за политички и меѓународни студии, проф. д-р Илбер Села, ја истакна важноста на конференцијата, која според него „ има за цел да комбинира мислења и студии на разни актори од областа на историјата, политиката, економијата, културата и др. Преку студиите или анализите од страна на разните актори од областа на историјата и политикологијата и на другите опшпествени науки се претендира да се согледа реалноста креиран пред 100 години, денешната реалност и реалноста во иднина“

Претседавачот со првата сесија, проф. д-р Блерим Река рече дека балканските земји имаат две алтернативи за да имаат подобра иднина а тоа се создавање етнички држави и создавање на системот на држави по принципот не Бенелукс.

М-р Демуш Бајрами во својство на претседавач со втората сесија го истакна фактот дека „првенствено зборот „Балкан“ доаѓа како неутрален поим, но подоцна зема многу негативна конотација, која во политичката литература се употребува како „балкански“ менталитет, „балканизам“, „балканизација“... изрази кои се многу несоодветни и груби.

Конференцијата ја поздрави и амбасадорката на Р.Германија во Македонија, Гурдун Штаинејкер.

Темата на конференцијата предизвика интерес кај научниците кои презентираа многу интересни трудови . Имаше разни мислења од неколку научни дициплини, дополнети со различни аспекти на интердициплинарните студии. Воглавно доминираше потсетувањето, рефлексијата и разгледувањето на околностите и факторите кои ги придружуваа процесите во минатото и сегашноста на нестабилниот Балкан.

Google+