Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Средба на амбасадорот Волерс со студенти од УЈИЕ

Студенти од УЈИЕ во петок ( 8 септември 2012 година) се сретнаа со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.



Студентите со амбасадорот Волерс разговараа за разни теми, главно од сферата на нивната професионализација како и со образовниот систем на САД. Студентите се заинтересираа и за можноста за взаемна соработка помеѓу студентите од нашиот универзитет со студентите од универзитетите од САД.

Амбасадорот Волерс се сретна и со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика и со членови од менаџментот на Универзитетот.

Амбасадорот на САД, Пол Волерс на оваа средба го охрабри ректорот да продолжи и понатаму со развојните чекори на овој Универзитет со меѓународна репутација.

„Вие , денес се здобивте со неколку средства , но сега ќе зависи од вас како ќе ги употребите тие средства во вашата професија и вашатра карера“рече меѓу другото амабасадорот Волерс.

Ректорот Дика го запопзна амбасадорот Волерс со заедничките активности на Одборот и менаџментот на Универзитетот и со наприте кои се вложуваат за да им се овозможи на студентите да студираат според европски и американски стандарди на високото образование. Тој го информираше амбасадорот Волерс во однос на интрументите за мерење на перформансата со цел зачувување на овие академски стандарди .

Google+