Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Квалитетот во функција на високото образование

Конференцијата се одржа во вторникот (12 јуни 2012) на УЈИЕ, во Тетово и ги собра на едно место академските работници од сите области, раководителите во образованието и политичарите а се организираше од Канцеларијата за обезбедување квалитет на овој универзитет.



Целта на Конференцијата е да влијае врз растот на квалитетот на наставата и на учењето во високото образование во Република Македонија. Разбирањето на важноста на спроведувањето на новите наставни методи во согласност со принципите на Болоња и Нацниналната програма за развој на образованието во Македонија 2005-2015, го сочинуваат сржта на промената на парадигмата – од наставникот кон студентот. Креирањето на еден систем за обезбедување на квалитет е многу значајно и му помага и на мисијата на Универзитетот.

„Соработката во обезбедувањето на квалитетот и развојот на заедничките стандарди, процедури и и водичи за обезбедување на квалитет преку размена на искуства, ќе придонесме за поголема транспарентност во изградбата на довербата, мобилноста на студентите и признавање на квалификациите. Ова е примарен услов за атрактивноста и конкурентноста на европското високо образование“, рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.

Преку оваа Конференција сакаме да поттикнеме уште посериозно залагање за постојаното подобрување на квалитетот на понудата во образованието. Целите на оваа Конференција се преку научниот придонес да се помогне во развојот на подобар менаџмент на квалитетот, рече проф. д-р Дика.

Учесници на Конференцијата беа многумина професори од Македонија, од неколку европски универзитети, како и министерот за образование Панче Кралев, кој високо ја оцени улогата на ваквите конференции во служба на образованието во Македонија, а притоа вети дека Министерството што го управува тој ќе поддржува вакви проекти.

Модератор на Конференцијата беше Павел Згага, професор по филозофија на образованието и образовната политика во Љубљанскиот универзитет, Словенија.

Д-р Томас Олсон од Универзитетот на Лунд, Шведска, рече дека нивниот универзитет е еден од најуспешните универзитети во Скандинавија во истражувачките и образовните дејности. Тој рече дека од 1666 година универзитетот води грижа за сопственото усовршување и за внесување разни новини. Универзитетот на Линд денес е меѓу 100 најдобри универзитети во светот.

Истотака, во текот на Конференцијасе дискутураше и за меѓународните рангирања, за резултатите оданкетите на студентите и на агенциите за евалуација (и обезбедувањето на квалитетот), кои јасно сведочат за важноста и за постојаната тенденција за подобрувањето на наставата и на учењето во високото образование во Република Македонија.

Google+