Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа на промоција на дипломците од осмата генерацијата

Во сабота, (9 јуни 2012 год.), на Универзитетот на Југоисточна Европа –Тетово, во свечена атмосфера, голем број на родители, студенти и гости имаа можност да бидат дел од уникатниот начин на промоција на дипломците од осмата генерацијата.



Помеѓу истакнатите гости кои беа присутни на церемонијата беа и амбасадорот на Унгарија во Р. Македонија, НЕ Јозеф Бенце , заменик-министерот за образование и наука на РМ, Сафет Незири, градоначалникот на општина Гостивар Руфи Османи и други истакнати гости.

Ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Замир Дика, во неговото обраќање до студентите рече: “Денес заедно го славиме успехот на едно патување исполнето со многу предизвици и тешкотии, но и со многу убави моменти кои заедно ги доживеавме”.

Во својата пораката Ректорот меѓудругото рече: ,, дека на ова општество неопходни му се кадри кои се подготвени да изнајдат решенија за овие проблеми; кадри кои ги имаат стекнато потребните знаења и вештини за решавање на овие проблеми; кои не се плашат да се соочат со предизвици, кои поседуваат претприемачки менталитет; кадри кои имаат интелектуална храброст и се образовани во духот на толеранцијата и знаат како етничките, јазичните и културните разлики да ги претворат во предност. Универзитетот на Југоисточна Европа, Вашиот Универзитет ги има сите предуслови да игра клучна улога во овој предизвик за нашиот напредок. Вие сте производ на овој Универзитет, вие сте оние од кои се очекува да бидат генератори на напредокот, поставувајќи ги вашето знаење и вашиот интелектуалниот потенцијал над вашата кариера со цел да дадете потребен одговор на овие предизвици на времето”.

Претседателот на Одборот на ЈИЕУ, д-р Денис Фарингтон рече декавеќе знаете јас сум вклучен во оваа уникатна институција дванаесет години и секогаш се радувам затоа што нашите планови стануваат реалност.

„Секој ден се соочуваме со сериозни економски проблеми, проблеми поврзани со животната средина кои сѐ повеќе се влошуваат. Ние сите се надеваме дека новата генерација ќе создаде услови во кои нема да има непотребни бариери за слободно движење, но ќе има заемна почит и разбирање“, рече Фарингтон.

Заменикминистерот за образование и наука на РМ, Сафет Незири во неговиот поздравен говор рече дека работата на вашиот универзитет е успешна приказна на високото образование во Македонија, но истовремено и сторија на европскиот успех, одбележувајќи го академскиот и образовниот напредок за идните генерации. Знаењата кои ги стекнавте на овој универзитет се квалитетни и тие придонесоа вие да станете подготвен кадар за да се задоволат потребите на пазарот на трудот во Македонија и во регионов.

Во својот поздравен говор амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јозеф Бенце, меѓудругото рече „ Случајно кога ме поканија на оваа церемонија од раководството на Универзитетот да ги поздравам 700 нови дипломци, јас бев убеден дека Универзитетот на Југоисточна Европа не само што е извонреден во наставата туку и има извонредни капацитети за студирање. Нема потреба да истакнам дека јас бев исто така бескрајно горд бидејќи дознав дека вашиот истакнат Универзитет е партнер со два унгарски универзитети – Универзитетот во Шегад и Универзитетот во Пец во рамките на проектот ТЕМПУС за академска соработка“.

Традиционлано и оваа година се избраа најдобрите студенти на генерацијата: Арлинд Муслиу од Факултетот за современи науки и технологии, Даниела Анѓелковска од Факултетот за јазици, култури и комуникација, Доника Зендели од Факултетот за бизнис и Економија, Дајана Димитриеска од Факултетот за јавна администрација е политички науки и Леонора Пашо од Правниот факултет.

Факултетот за современи науки и технологии и Александар Сотировски, од Правниот факултет.

Уметничкиот дел од церемонијата беше збогатен со хорот од Тетово и д-р Агим Пошка кој ја испеа песната на универзитетот ,,Гласот на знаењето.”

Google+