Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа конференцијата за франкофонијата

Со цел запознавање со франкофонската визија за демократија, човекови права и слободи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во среда (23 мај 2012 година), се одржа конференција на тема Франкофонијата и демократијата.



Според амбасадор на Швајцарија во Македонија,Стефано Ласаротоодржувањето на конференцијата во Тетово е од големо значење, бидејќи овој град го има обележјето на мултијазичности мултикултура, какво што го има и Швајцарија како франкофонска земја.

„Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово као активен дел на франкофонската мрежа не само што се залага за вредностите кои таа ги промовира, туку во иднина, ќе формира и студиски групи на француски јазик“, рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.

Според предавачите на денешната тркалезна маса, многу е важно и никогаш не може да биде излишно да се дискутира на темата демократија и човекови прави. Македонија како полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата е обврзана да ги почитува вредностите за кои се залага франкофонијата како еден вид движење.

Конференцијата се организираше од Факултетот за јавна администрација и политички науки на УЈИЕ и Франкофонски Круг од Скопје.

Google+