Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Заменик-претседателот на Владата на Косово, Хајредин Кучи и Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку одржаа предавање пред студентите на УЈИЕ

Заменик-претседателот на Владата на Косово, Хајредин Кучи и Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку одржаа предавање пред студентите на УЈИЕ



Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку, пред студентите и вработените на УЈИЕ, во вторникот (15 мај 2012), одржа предавање на тема: „100-годишнината од независноста на Албанија“.

„Многу сум задоволен што ми се укажа прилика да го одржам ова предавање на Универзитетот. Овој Универзитет го сметам за најдобриот универзитет на Албанците“, рече на почетокот на своето излагање амбасадорот Чејку.

„Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“, беше темата на која во средата (16 мај 2012 година) одржа предавање пред студентите и пред вработените на УЈИЕ, заменик-претседателот на Владата на Косово, Хајредин Кучи.

Зборувајќи за темата, г. Кучи рече дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е многу значаен за долготрајната стабилност на регионов.

„Регионов има потреба од внатрешна хармонија, од мир со себе и со другите и во таа насока да се интензивираат напорите за регионално интегрирање и за интегрирање во ЕУ“, рече г. Кучи.

Google+