Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се промовираа меѓународните стипендии

Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на активноста за промовирање на меѓународните стипендии, која се одржа во среда (16 мај 2012 година).



„Во духот на Болоња за размена на вработени и на студенти, денеска се промовираат меѓународните стипендии, а притоа сакаме да останеме верни на епитетот ’Универзитет шампион во регионот за мобилност’“, рече проректорот за истражување, проф. д-р Блерим Река.

„Една од главните цели на Канцеларијата за меѓународни односи е промоцијата на можностите за размена на студенти и на вработени на УЈИЕ. Преку оваа активност студентите имаа можност да се информираат за стипендиите за размена во универзитети од разни земји од Европа и од САД“, рече Луан Ештрефи, раководител на Канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ.

Интересот на студентите за овој вид стипендии беше многу голем, а учесниците рекоа дека веќе имаат неколку апликации.

На оваа промоција стипендиите ги презентираа 8 амбасади и Националната агенција за европски студиски програми и студентска размена.

Google+